Работилница ,,Младите и ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ,,

08/14/2020
Денес  14.08.2020 година во Дом на Млади- Штип на отворено NECI NMK одржа работилница на тема ,,Младите и европските врености" спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА кој е финансиски поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија преку Програмата за финанскиска поддршка на здруженија и фондации. Согласно со протоколите за заштита од Covid19. Посебна благодарност до тимот на Дом на Млади кој го стави на располагање просторот за овој настан и до Мартин Кангалов за прекрасните професионални фотографии.Работилницата започна со интересна игра на запознавање и претствување на претседателката на NECI NMK- Викторија Кукушев. По што следување прикажување на краток филм Party Animal by Yorgos Zois направен од млади за млади преку кампањата #EUANDME. Учесниците дискутираа за поукатата од тој филм и дојдоа до заклучок дека таа жар и живост што ја имаат во себе не треба да згасне и дека секој сон може да стане реалност токму со помош на Младинската Гаранција. Иван Миладинов ги долови најважните факти и симболи на Европската Унија, како и со која цел била создадена , кои се нејзни членки и колку официјални јазици се зборуваат во ЕУ. По кратката кафе пауза Евгенија Донева член на NECI NMK ги претстави универзалните европски вредности и зборуваше повеќе за мотото на ЕУ ,,Oбединети во различности". Потоа учесниците ги поделивме во групи од по пет члена кои одбраа по две вредности за кои ќе дискутираат, дадоа примери и споредивме како и колку тие вредности се почитуваат кај нас, во нашата држава.Потоа имавме видео повик со наш соработник Pedro Gomez , претсавник на NECI Португалија кој детално објасни како младите учат и работат таму, како имаат слобода да студираат и работат во другите европски држави, како таму се одвиваат Еразмус + проектите. Исто така на интересен начин ни ја прикажа историјата на Португалија.За крај Евгенија зборуваше за бенефитите од Младинската гаранција и за можностите да се патува и оди на интеркултурни размени со цел да бидеме поотворени и поприфатиливи за другите култури и нации и да ги усвоиме европските вредности.
© 2020 NECI NMK - non profit organization 
Powered by Webnode
Create your website for free! This website was made with Webnode. Create your own for free today! Get started