Хуманитарна акција - Посебни одделенија
01/29/2020
Денеска членови на нашата организација ги посетија посебните одделенија при О.У ,,Ванчо Прќе'' . Поминавме прекрасно време, дружба, играјќи си со учениците со играчките кои им ги подаривме со средства собрани од филмската вечер. Една од мисиите на нашата организација е социјалната инклузија и уште повеќе ќе работиме на тоа поле и ќе се трудиме со сите наши капацитети да имаме допринос.
