Отворен ден за нови и стари членови

08/26/2020
📢ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕЦИ!
📌Со задоволство ви најавуваме дека во ⏱ понеделник (31.08.2020) 📍ул.Ѓорче Петров бр.2 просториите на НЕЦИ ќе бидат отворени за регистрација на нови членови и обновување на членството, инфо сесија за запознавање со организација и потполнување на пријава и доставување на слика за добивање на членска карта.
📌Воедно ќе спровеме и размена на книги (Book Swap) во која може да учествуваат старите, новите членови и секако сите што сакаат да бидат дел од тимот на NECI. Доколку сте љубители на читањето или пак сакате да почнете да ја негувате таа навика донесете по неколку книги кои ви се прочитани. Во просториите во НЕЦИ ќе ве пречекаат нови, интересни книги од другите членови кои ќе ви бидат на располагање за размена. За секоја донесена книга добивате по еден билет со кој може да "купите" нова. На ливче запишувате ваше име, книгата која сте ја позајмиле и телефонски број. И така си добивате нов материјал за читање преку летниот период бесплатно (кои секако треба да се врати после 1 месец).
📌На отворениот ден приоритет ќе биде дружбата со новите членови, запознавање како работи NECI како и кои се бенифитите да бидеш дел од ТИМ NECI.* Годишната членарина изнесува 300 денари
📌Ако сеуште не сте се пријавиле потполнете ја електронската пријава за членство.Бидете дел од од семејството на една меѓународна организација која има свои претставништва во 13 држави ширум Европа. Бидете дел од една успешна приказна за промени и развој на младите. 💙

Сите членови дополнително ќе бидат контактирани, целиот процес ќе биде согласно препораките за заштита од КОВИД 19 , со дистанца , исчекување на ред, дезинфекција.

Одговорно лице :Евгенија Донева 077/434-999 e.doneva@yahoo.com
© 2020 NECI NMK - non profit organization 
Powered by Webnode
Create your website for free! This website was made with Webnode. Create your own for free today! Get started