Дисеминација на Еразмус+ младинската размена ,, Countryside for us,,

12/09/2022
На 08.12.2022 година дел од тимот учесници кои беа на Младинската размена во Равне на Корошкем, Словенија 🇸🇮 на која домаќин беше Младинскиот центар( ZKSTM ) Zavod za kulturo sport turizem in mladinske dejavnosti ги пренесоа своите искуства од прв до последен ден. Оваа размена се реализираше од 7-17 Октомври и беше едно сосема поинакво доживување и искуство за сите учесници. Преку секојдневните активности ги открија убавините и предмостите на помалите рурални места и сите можности кои ги нуди природата за развој на сопствени бизниси како и start ups успешни компании на млади луѓе. Не изостанаа пешачењата и искачување на убавите околни планини на Равне. Интеркултурниот аспект на оваа размена на потткна на уште поголема толеранција и почит кон останатите култури, традиции и етнички припадности. Научиме како може и треба да изгледа еден Младински центар по европски стандарди ставен во служба на младите.


Посебна благодарност нашиот тим и организација изразува до Проектниот менаџер Тим Колар. 

© 2020 NECI NMK - non profit organization 
Powered by Webnode
Create your website for free! This website was made with Webnode. Create your own for free today! Get started